Се основа Туристичка асоцијација на југоисточна Европа, учествува и Македонија

50

saem za turizam bgВо рамките на Саемот за туризам што ќе се одржи во Белград од 21 до 24 февруари, ќе биде потпишан договор за основање нова Туристичка асоцијација на југоисточна Европа, пренесува Танјуг.

Директорот на Националната асоцијација на туристички агенции (YUTA), Александар Сеничиќ, изјави дека Србија, Македонија, Албанија, Босна и Херцеговина и Црна Гора потврдиле дека ќе го потпишат договорот, а идејата е останатите земји од регионот истото да го сторат подоцна.

Потпретседателот на управниот одбор на YUTA за регионална соработка, Милан Лаиновиќ истакна дека со регионалното поврзување на Србија и земјите во регионот и со заеднички настап на трети пазари, значајно растат шансите за привлекување на странски туристи.