Се откажуваат од онлајн купување ако трансакцијата трае пола минута

59

Еден од тројца потрошувачи се откажуваат од онлајн купува, доколку за трансакцијата се потребни и помалку од 30 секунди. Истражувањата покажуваат дека потрошувачите на интернет имаат сè помалку трпение за да чекаат некоја трансакција да биде завршена за минута.

Од онлајн нарачките се откажуваат доколку премногу долго талкаат низ онлајн продавницата, ако страницата не е доволно безбедна и во случај ако не се нудат повеќе можности за плаќање.

Освен тоа, ако купувачот смета дека постапката за наплата е комплицирана или платформата претходно ја одбила неговата трансакција, најверојатно ќе го прекине процесот на купување и повеќе нема да ја отвори таа онлајн продавница.

Со оглед на тоа што околу 60% од потрошувачите во светот веќе имаат поголеми очекувања од своето дигитално искуство од пред пандемијата, многу е важно да се користи технологија што ќе биде едноставна, безбедна и интуитивна.

Благодарение на токени може да се унапреди корисничкото искуство во извршување онлајн трансакции што ќе ги направи да бидат и побезбедни. Потрошувачите можат податоците од своите картички да ги вчитаат во мобилниот телефон или во рамки на апликација. Податоците на тој начин ќе бидат заменети со токени, што значи дека никаде не се чуваат, што ги прави уште побезбедни.

Поради растот на дигиталното плаќање, интересот на потрошувачите за биометриско плаќање постојано се зголемува.

Се проценува дека до 2023-та година, потрошувачите ќе одвојат 6,5 милијарди долари на електронска трговија, а 64% од трансакциите ќе се вршат со мобилни уреди.

Фото: Pexels