Скопје го добива најголемиот аутлет центар наменет за спортски производи што ќе се продаваат по најниски цени. Денеска, 30 јуни, се отвора Sport Vision Outlet Extra, аутлет центар што ќе понуди повеќе од 50.000 спортски производи на површина од 700 м2.
Големото отворање ќе понуди целодневна забава со DJ-и, жонглери, многу изненадувања и 20% дополнителен попуст на веќе намалените аутлет цени, којшто ќе трае до 3 јули.
Sport Vision се труди постојано да ги слуша желбите на граѓаните сакајќи да ги изненади и награди своите купувачи. Независно од тоа дали некој е професионален спортист, рекреативец или љубител на спортска опрема и облека, Sport Vision е продавницата која ќе ги задоволи желбите и потребите на сите.
Новиот Sport Vision Outlet Extra што се наоѓа на ул. 3-та Македонска Бригада бр.1, спроти висококатниците во Аеродром е единствен по цените што ги нуди.
Аутлетот нуди богата понуда на производи од познатите светски брендови како Nike, Adidas, Reebok, Timberland, Converse, Champion, Sergio Tacchini, Ellesse, Lonsdale, Umbro и други.