Првата продавница Sport Reality во Македонија се отвора денеска, 31 октомври (понеделник), во ГТЦ на приземје. Малопродажниот ланец, на 200 м2 ќе понуди широк асортиман обувки и гардероба во неколку спортски линии – за жени, мажи, тинејџери и деца.
Sport Reality го следи спортскиот и урбан стил на своите купувачи со намера да понуди идеален однос на цена и квалитет. За своите купувачи подготви богата понуда спортски обувки и гардероба од познатите светски брендови како Nike, Adidas, Reebook, Converse, Lotto, Navigare, Sergio Tacchini, Ellesse, Diadora, Karrimor и други. На денот на отворањето ќе има подарок изненадувања и 20% попуст на целиот асортиман.
По продавницата во Скопје, Sport Reality ќе продолжи со развој на малопродажната мрежа и во другите градови низ Македонија.