Се отвора првото училиште за е-спорт во Јапонија

88

Во април, Јапонија ќе го отвори своето прво средно училиште за еСпорт, наречено Esports Koutou Gakuin. Официјалната веб-страница на училиштето веќе работи, а има многу фотографии кои покажуваат како ќе изгледа.

Според публикацијата Kotaku, училиштето ќе се наоѓа во Шибуја, Токио и ќе биде финансирано од одделот за е-спортови на јапонската телекомуникациска компанија NТТ, како и од јапонскиот фудбалски тим Токио Верди. Децата, исто така, нема да ги учат обични наставници, туку играчи на е-спортови, членови на NТТ и Токио Верди.

Студентите ќе се натпреваруваат и ќе учат на 40 гејмерски компјутери Galleria XA7C-R37 со процесор Intel Core i7-11700 и графичка картичка Nvidia GeForce RTX 3070.

Секако, нема се да биде игри и забава, а покрај е-спортот, учениците ќе ја изучуваат стандардната програма за јапонските училишта.

Сепак, повеќето од нив ќе бидат подготвувани за кариера во е-спорт, стриминг, создавање VR, програмирање на игри и дизајн.