На површина од 500 метри квадратни, лоциран на вториот кат во новоизградениот трговски центар Palma mall, се отвори првиот продажен салон на Coincasa во Тетово. Со новиот објект италијанскиот бренд за елементи за уредување на домот, ја прошири својата продажна мрежа.
“Проширувањето на продажната мрежа на италијанскиот бренд Coincasa, беше еден од нашите приоритети, а отворањето на салонот во Тетово е одговор на потребите и барањата на граѓаните на Тетово, Гостивар и другите околни населени места. Овој прв чекор е само најава за следните активности што ги планираме, како за летниот период, така и за следните месеци од годината што изминува. Нашите производи се креирани за да најдат совршено место во сечиј дом, а веруваме дека тоа ќе биде случај и за домовите на жителите од овој град“, изјави Марина Димитровска, бренд менаџер во Coincasa.
По повод свеченото отворање на новиот малопродажен салон, менаџментот на компанијата им приреди изненадување на граѓаните на Тетово, со купување на еден производ да добијат подарок од Coincasa, а исто така им понуди и одлична можност да набават ексклузивни и уникатни производи за уредување на своите домови, по намалени цени до 60%.
Coincasa e италијански синџир на продавници што нуди врвни и трендовски решенија за уредување на домовите. Овој бренд веќе неколку години е дел од компанијата K&K, преку продажниот салон што се наоѓа во Скопје, а отсега оваа трговска марка ќе биде достапна и во Тетово. Брендот е наменет за урбани и модерни семејства што голема смисла за естетика и убавина.