Се плашат дека ќе останат без работа ако не се вратат во канцеларија

88

Дел од вработените во козметичкиот гигант L’Oreal во Њујорк најверојатно ќе треба да се вратат во канцеларија по неколку месеци поминати во работа од дома, пишува CNN.

Козметичкиот гигант, под чија “капа“ се брендовите: Garnier, Lancome, Urban Decay и други, планираше да го зголеми бројот на вработени во канцелариите од 25% на 50%. Ова значи дека од една третина, сега половина од вработените ќе треба да се вратат назад на работа, додека другата половина и понатаму ќе ги извршува задачите од дома.

Доколку оние кои ќе треба да се вратат на работа, а немаат некое оправдание да останат од дома, би можеле да добијат отказ ако се спротивстават на таквата одлука.

Не само за вработените во Њујорк, туку тоа ќе важи и за сите оние места каде што козметичкиот гигант има канцеларии, а каде се предвидуваат посебни безбедносни протоколи за заштита на здравјето на вработените, како и проверка на температура и задолжително носење на маски.

Вработените се загрижени бидејќи ќе треба да се вратат на работа, бидејќи се плашат од ширење на заразата. Состаноците се одржуваат преку интернет, но компанијата инсистира сите свои вработени да ги собере на едно место за да можат полесно да соработуваат.

Во L’Oreal работат 12.000 лица во 13 земји во САД.

Фото: Freepik