Се подготвува првиот аеродром во светот за летeчки автомобили

78

Аеродромот за летeчки автомобили ќе го однесе англискиот град Ковентри во иднината до крајот на оваа година, со проект кој има за цел да покаже како би функционирале воздушните такси возила во урбаните центри.

Urban-Air Port, старт – ап со седиште во Велика Британија, се здружи со автомобилскиот гигант Hyundai Motor за да развие инфраструктура потребна за автомобилите кои превезуваат луѓе и стоки со летање, пренесува Ројтерс.

Од ноември посетителите на Ковентри ќе можат да видат како изгледа аеродромот за летечки автомобили, како и дрон кој превезува патници. Тие исто така ќе можат да го видат оперативното електрично возило за вертикално полетување и слетување eVTOL.

Urban-Air Port беше одобрен од владина програма насочена кон развој на летечки автомобили и доби грант од 1,2 милиони фунти (1,65 милиони долари) за финансирање на привремена инсталација на аеродромот во центарот на градот.

“Со поддршка на владата на Велика Британија и поддршка на групацијата Hyundai Motor, ќе го изградиме првиот целосно оперативен аеродром во светот“, изјави основачот и извршен директор на Urban-Air Port, Рики Сандху.

Фото: Facebook