Се подготвува Закон за туристичка дејност каде аранжманите ќе бидат осигурани

199

Новиот Закон за туристичка дејност е готов, но сè уште не е изгласан бидејќи не е решена ситуацијата со осигурителните компании во делот на покривање на полисите за туристички аранжмани.

Единствената причина е што уште нема осигурителна компанија којашто ќе нуди полиси за осигурување на туристичките аранжмани. Предлогот што го изработи Министерството за економија, осигурителните компании треба да понудат осигурителни полиси од 100.000 евра за да се осигураат ангажманите на туристичките агенции.

Инаку и со постоечките прописи, граѓаните се заштитени од промашените аранжмани на лошите тур-оператори. Измамените туристи со нереализирани аранжмани можат да достават претставка до Пазарната инспекција. Оваа претставка се поднесува и доколку не е исполнето некој член од договор со тур-операторот.

Но сепак, со новиот закон, граѓаните ќе бидат уште повеќе заштитени и побрзо ќе се обесштетат.

Инаку, во делот на барањето за банкарска гаранција од 100.000 евра, произлезе како усогласен предлог на сите стопански комори во земјава уште во мај претходната година, со една цел регулирање на пазарот на туристичките агенции во државата.