
Работните места со скратено работно време се во подем во Германија. Уделот достигна 40,1 процент во вториот квартал, според студијата на Институтот за истражување на вработувањето (IAB), објави германската новинска агенција dpa.
Тоа е за 1,3 проценти повеќе од минатата година, или 16,971 милиони работници. Во исто време, бројот на вработени со полно работно време се намали за 0,7 проценти, или 25,352 милиони.
– И додека скратено работно време беше исклучок во 1980-тите, сега стана норма – рече експертот на IAB, Енцо Вебер.
Вработените со скратено работно време работат во просек 18,62 часа неделно, што е исто така рекорд, додаде Вебер.
Вкупниот број на вработени во Германија малку се зголеми во вториот квартал во споредба со минатата година на 46 милиони.
Сепак, интензитетот на вработувањето е намален во споредба со првиот квартал, пишува списанието „Феникс“.
– Дури и по две години рецесија, имаме нов рекорд за вработување, но бројот на работни места со полно работно време е сè уште повеќе од 200.000 позиции под рекордот – рече Вебер.











