Сè попривлечна дестинација – Албанија ја посетиле еден милион туристи за само два месеца

Туристичката индустрија во Албанија ја започна и оваа година со охрабрувачки знаци, што е доказ дека станува сè попопуларна локација за одмор.

Според Државниот завод за статистика (ИНСТАТ), само во текот на јануари и февруари, Албанија беше домаќин на над еден милион странски посетители, што претставува зголемување од 11 проценти, или 106,316 луѓе, во споредба со истиот период лани.

Во извештајот од ИНСТАТ се истакнува дека бројот на туристи кои пристигнуваат од Европа е двојно поголем во однос на истиот временски период пред една година. Исто така, не заостанува ни бројот на туристи од Африка или САД.

Бројот на патници во Албанија минатата година достигна невидено ниво од 11.700.000 странски државјани, што е за 15,2 проценти повеќе во споредба со претходната година.

Информациите од Народната банка на Албанија покажуваат дека албанската економија профитирала со приближно пет милијарди евра во текот на 2024 година, што е за 800 милиони повеќе во споредба со 2023 година.