Се повеќе невработени во БиХ

10

bihПоследнииот ден од месец август во Босна и Херцеговина во Заводот за вработување биле евидентирани 555.820 лица. Во однос на претходниот месец, бројот на невработени е поголем за 2.831 лица или 0,51%, соопшти Агенцијата за труд и вработување, пренесуваат медиумите.

Најголем број од евидентираните невработени лица се со трет степен на образование, односно КВ работници (34,37%), како и неквалификувани работници, 28,13%.

Стапката на регистрирана невработеност во БиХ за јули изнесувала 44,6% од работоспособното население, што е за 0,2% повисока од јуни месец.