Се повеќе оптимисти за еврото

25

Курсот на единствената европска валута расте, каматите за кризните земји паѓаат, а берзите слават. Се повеќе аналитичари сега сметаат дека еврото ќе преживее. Еврото слави брилијантно враќање. Овие денови тоа се тргува повторно над границата од 1,30 долари. Еврото поскапе за околу 10 центи над годишното дно, постигнат на крајот на јули.
Но, не само во однос на доларот единствената валута е во подем. Според агенцијата Bloomberg еврото во изминатиот месец ужива најголем раст меѓу валутите на десетте најголеми индустриски земји (Г-10). Дури и швајцарскиот франк, чиј минимален курс од 1,20 франци кон еврото беше заштитен од Швајцарската централна банка во последните месеци само со користење на голема набавка на странски валути. Швајцарскиот франк веќе не ужива силна побарувачка.

Причина за раст на еврото е новата програма за купување на државни обврзници од страна на Европската централна банка и позитивната оценка за спасувачкиот фонд.

„Очигледно е дека многу учесници на пазарот во моментов очекуваат дека интервенцијата на ЕЦБ не само што ќе го спречи распадот на еврозоната на краток рок, туку дека тоа може да биде и долгорочно решение”, смета Лутц Карповиц, монетарен аналитичар во Commerzbank.