Расте бројот на компании за испорака на стоки меѓу Ирска и Велика Британија се насочуваат кон Северна Ирска за да се избегнат бирократски процедури и доцнење поради Brexit.
Воведувањето на проверка за некои производи, откако Велика Британија на 31-ви декември 2020 година го напушти трговското подрачје на Европската унија, предизвика голем пад на испораката меѓу двете соседни земји и зголемен промет на бродските линии од Ирска и континентална Европа.
Но, дел од товарот сега се пренасочува кон Северна Ирска, којашто е дел од Велика Британија.
Пристаништето во Даблин, што е најголемо во Ирска, во првото тримесечје има пад на трговијата меѓу Ирска и Британија за 29%. Од друга страна, количината на стока што влегува и излегува од пристаништата во Франција, Белгија и Холандија во првото тримесечје е зголемена за 26%.
“Пренасочувањето на голем број испораки преку северноирските пристаништа загрижува. Како да се враќаме во минатото. Далечната 1990-та година, пред воспоставување на единствениот европски пазар, повеќе од една третина од испораките оделе преку северноирските пристаништа, а оние во Даблин“, вели Имон Орејли, извршен директор на пристаништето во Даблин.
Фото: Pexels