Сè повеќе земји го ограничуваат извозот на храна

61

Земјите ширум светот ги релаксираат регулативите за увоз и го ограничуваат извозот, особено на храна и ѓубрива, предупреди Светската трговска организација (СТО).
Во 12-те месеци до средината на октомври, членките на СТО воведоа повеќе мерки за унапредување на трговијата отколку ограничувања, утврди СТО.

Најголем број мерки за унапредување на трговијата се воведени месечно од 2012 година, според пресметките на СТО.

Меѓутоа, со овие мерки, земјите најмногу го поттикнуваа увозот, а најмногу го ограничуваа извозот, предупредува СТО, заклучувајќи дека извозните ограничувања ги надминале ограничувањата на увозот за прв пат од 2009 година, кога почнале да ги следат податоците.

„Членките ја зголемија примената на новите ограничувања на трговијата, особено на извозот, прво во контекст на пандемијата, а од неодамна и во контекст на војната во Украина и кризата во снабдувањето со храна“, рече шефот на СТО, Нгози Оконџо-Ивеала во соопштение за медиумите.

Во такви услови, земјите првенствено го ограничија извозот на храна, утврди СТО.

„Од 78 мерки за ограничување на извозот на прехранбени производи, добиточна храна и ѓубрива, воведени од почетокот на војната (во Украина) на крајот на февруари, 57 од нив сè уште се во сила, што одговара на приближно 56,6 милијарди долари трговија“, изјави генералниот директор на СТО,Нгози Оконџо-Ивеала.

„Од средината на октомври, бројките се зголемија, што треба да (нè) загрижува“, предупреди таа.