Се прават пресметки да нема поскапување на струјата од 1 јануари

73

Министерот за економија, Крешник Бектеши кажа дека се прават пресметки за да не поскапи струјата од 1 јануари.

ТЕЦ Неготино ќе работи тогаш кога ќе биде исплатливо да работи. Поевтино е моментално да увеземе отколку да работи ТЕЦ Неготино, информира министерот за економија, Крешник Бектеши.

Според него, веднаш откако тоа ќе се промени, ќе се вклучи ТЕЦ Неготино.

-Сите подготовки се направени. Ако мислите дека треба да произведуваме електрична енергија со повисока цена, ќе го направиме и нема да го штитиме Буџетот. Ние носиме одлуки и за заштита на Буџетот и граѓаните. Се прават калкулации да нема зголемување на цената на електрична енергија од 1-ви јануари за домаќинствата, а компаниите најверојатно ќе имаат намалени цени на сметките, рече Бектеши како одговор на новинарско прашање.