Се продава Мерцедес стар 121 година: Ќе чини милиони

На крајот на месецот на аукција ќе биде понуден револуционерниот Mercedes 60 Simplex, кој кога беше произведен во 1903 година, беше најбрзиот автомобил масовно произведен во светот. Сега внуката на првичниот сопственик решила да го продаде.

Во светот останаа само пет од нив. Има четирицилиндричен мотор од 9,23 литри со 60 КС и четиристепен менувач, секако мануелен. Кога беше нов, тој беше најбрзиот автомобил на светот, тогаш целосно рачно изработен, со максимална брзина од 130 km/h. Сега, 121 година откако нејзиниот дедо, британскиот издавач и љубител на мотоспортот Алфред Хемсворт го купи овој Мерцедес 60 Симплекс, внуката Елизабет Хемсворт одлучи да го продаде и ќе биде ставен на аукција од Goodwing & Company  на Флорида на 29 февруари.

Автомобилот првично е купен за 25.000 златни марки, што денес вреди околу 200.000 евра. Но, аукциската куќа очекува да добие најмалку 10 милиони долари.