Се продава првиот Apple компјутер – цената “ситница“

106

Кон средината на 70-тите години на минатиот век, Apple беше компанија во зачеток. Стив Џобс и Стив Возниак се одлучија да го направат Apple-1, нивниот прв компјутер и тоа со дрвено куќиште.

Apple е направен 1976 година, а сега 45 години подоцна, се продава на eBay како колекционерски примерок за 1,5 милиони долари.

Ова е само еден од шесте познати Apple-1 примероци со дрвено куќиште. Освен ситни поправки за да може машината да работи, сè е целосно автентично кога станува збор за овој уред, пренесува GameRant.

Фото: Twitter