Се пушта во употреба проширениот Суецки канал

240

2013118201751377734_20Египет денеска официјално ќе го пушти во употреба проширениот Суецки канал којшто се очекува да внесе едно ново поглавје во трговијата и да го зголеми капацитетот на главниот воден пат што ги поврзува Средоземното и Црвеното море.

Каналот за прв пат беше отворен во 1869 година, а истиот е клучен извор на приходи за Египет. Тој игра важна улога во светската трговија, а исто така е од особена важност за транспортот на нафта.

Проширениот канал со должина од 72 километри ќе го намали времето за чекање на бродовите од 18 на 11 часа и ќе овозможи пловење во две смени.

Проширувањето на каналот траеше скоро една година, а чинеше околу 9 милијарди долари.

Проектот се состои од 37 километри нов паралелен канал и 35 километри од стариот канал којшто беше продлабочен и проширен. Моментално низ каналот можат да поминат до 49 бродови дневно.

Египетската влада се надева дека проектот двојно ќе ги зголеми буџетските приходи на државата на 5,3 милијарди долари во 2015.