Се развива дигитална валута во Шведска

109

Шведската централна банка би требало да потпише договор со Accenture за развој на дигитална валута, наречена е-круна, за пробен период.

Со намалување на потрошувачката на готовина во Шведска, Riksbank пролетта 2017 година започна проект за испитување на опсегот за создавање дигитална валута на централната банка.

Банката, како што пренесуваат агенциите, соопштила дека е подготвена да се приклучи на едногодишниот пилот проект.

Се верува дека ќе успее да развие техничка платформа со интерфејс којшто овозможува плаќање е-круни со картички, мобилни телефони и други преносни уреди.

Партнерството ќе започне до 31 декември 2020 година, но би можело да трае седум години, ако Riksbank одлучи да оди напред со планот и да пилотира нови функции.

Фото: Pexels