Карстен Шлотер, извршниот директор на телеком компанијата Swisscom, е пронајден мртов во неговиот дом во регионот на Фрајбург, соопшти полицијата. Властите претпоставуваат дека станува збор за самоубиство.
По барање на семејството нема да бидат објавени повеќе податоци за околностите под кои во вторникот наутро било пронајдено телото на 49-годишниот Германец.
Шлотер на тимот на Swisscom му се приклучи во 2000 година и во 2006 година стана извршен директор на најголемата телефонска компанија на Швајцарија. Претходно работел за Мерцедес и за компанија за припејд мобилни услуги во Франција и Германија.
Под негово раководство, Swisscom во 2007 година го презеде италијанскиот оператор на широкопојасен интернет Fastweb.
Минатиот петок службата за заштита на конкуренција започна проверка во компанијата во која државата е мнозински сопственик, по обвинение од конкуренцијата дека Swisscom ја злоупотребува доминантната позиција на пазарот за широкопојасни услуги.
Привремено на челната позиција на компанијата е неговиот заменик Урс Шепи.