Се случува голема промена: За прв пат по еден месец, електричните автомобили се продаваат повеќе од дизелашите во Европа!

130

Трендовите се јасни, со државните субвенции наменети за купување на електрични автомобили и намалување на цените за моделите на Tesla, дојде до голема промена на пазарот во Европската унија.

Според извештајот на Асоцијацијата на европски производители на автомобили (ACEA), новите регистрации во ЕУ се зголемени за 17,8 отсто во јуни 2023 година во однос на јуни претходната година, на вкупно еден милион возила на новорегистрирани возила во последниот месец.

Пазарниот удел на електрични возила се зголеми од 10,7 на 15,1 отсто – и со тоа за прв пат го надмина уделот на новорегистрираните дизел автомобили (13,4 отсто). Сепак, хибридните возила се попопуларни кај купувачите со удел од 24,3 проценти и бензинските мотори кои го обезбедија првото место со 36,3 проценти. Plug-in хибридите имаа пазарен удел од 7,9 проценти.

Во првите шест месеци од оваа година, најпродаван автомобил во Европската унија е Tesla Model Y.

Фото: Facebook