Се укинува царината на увоз на автомобили во Србија

62

koliОд 1 јануари 2014 година во Србија веќе нема да се наплаќа царина на увоз на автомобили произведени во Европската унија, велат од Царинската управа, пишува Блиц. Од Нова година се укинува царината на увоз на автомобили со бензински мотори до 1.000 и преку 3.000 кубици, како и за дизелаши до 1.500 и преку 2.500 кубици. До сега царинската стапка за овој вид возила изнесуваше 2,5%.

На почетокот на 2013 година беше укината царината за автомобили со дизел мотори со зафатнина од 1.500 до 2.500 кубици, како и за бензинци со запремнина меѓу 1.000 и 3.000 кубни сантиметри.

За автомобилите произведени надвор од ЕУ, царината и натаму останува 12%.