Mинистерот за здравство, Венко Филипче, денеска соопшти дека епидемиолошката слика во земјава се подобрува, но рано е да се повлечат сите мерки. Тој кажа дека се намалува бројот на новозаразени случаи со ковид, а се ослободуваат и болничките капацитети, со што дел од ковид-центрите по клиниките се затвораат и болниците се враќаат на нивните примарни дејности.
Сè уште е рано за да се даде општа препорака за маските да не се носат на отворено, рече Филипче.
Засега е рано и да се организираат свадби и концерти.
“Сè уште не се дозволени концертите и свадбите бидејќи стравуваме дека во овие случаи може да се намали дистанцата меѓу луѓето кои се присутни и затоа одиме постепено. Ако продолжат трендовите, ќе бидат дозволени и концертите, нагласи Филипче.
Новите предлози за олабавување на рестриктивните мерки, како што изјави, се поради трендот на намалување на бројот на новозазарени и значителното празнење на болничките капацитети.
Фото: Freepik












