Сè уште никој не го прифатил “суперкалоричниот предизвик“ од 8.000 калории

42

kaloricen obrok

Предизвикот на кафулето Corner Café во близина на Бристол, Monster mega challenge, сè уште никој не го прифати, пишува на официјалната Facebook страница на кафулето.

Овој предизвик е поставен на почетокот на годината, а станува збор за мега оброк којшто содржи 8.000 калории и 59 парчиња храна.

Оброкот за предизвик чини околу 20 евра и содржи два омлета со по три јајца, сланина и колбаси. На тоа се додаваат уште пржени компирчиња и печурки, похован кромид, чајна, тостови, две пржени лепчиња, грав и домати, како и енергетски пијалак или милкшејк.

Оние кои ќе го прифатат овој ризик ќе имаат час и половина да го изедат оброкот, појадокот не смеат да го делат, мора да имаат повеќе од 18 години и да престанат да јадат штом почувствуваат дека им е лошо.

Наградата за тие кои ќе го исполнат предизвикот ќе биде ваучер за бесплатен појадок, а ќе имаат чест нивна фотографија да се најде на “ѕидот на шампионите“, како и мал трофеј и приврзок за клучеви.