Се забрануваат лозинките по „дефолт“ во Британија

70

Сите лозинки по „дефолт“ треба да се оневозможат на уредите поврзани на Интернет, а компаниите кои нема да го почитуваат ова правило ќе се соочат со огромни казни. Ова предвидува нов закон кој го подготвува британската влада.

Законот е насочен кон т.н паметните уреди во домовите на луѓето и има задача да ги заштити од хакирање, забележува Би-Би-Си. Неодамнешно истражување на организацијата за следење на потрошувачите Who? откриле дека домовите полни со паметни уреди можат да бидат изложени на повеќе од 12.000 напади неделно.

Сајбер-криминалците сè повеќе се насочени кон производи како што се паметни домашни апарати – паметни телевизори, звучници и машини за миење садови поврзани на интернет. Доволно е да имате еден ранлив уред за хакерите да пристапат до цели домашни мрежи и да украдат важни лични податоци.

Предлог-законот за безбедност на производите и телекомуникациската инфраструктура воведува три нови правила:

• Стандардните (дефолт) лозинки што се лесни за погодување, претходно поставени на уредите се забранети. На сите производи сега им се потребни единствени лозинки кои не можат да се ресетираат до фабричките поставки;

• Клиентите треба да бидат информирани кога купуваат уред за минималното време кога ќе добијат витални безбедносни ажурирања и поправки. Ако некој производ не го добие, ова треба да биде експлицитно споменато;

• Ќе биде поставена посебна контакт точка за безбедносните истражувачи за да пријават грешки и багови.

Новиот режим ќе биде контролиран од регулатор назначен по влегувањето во сила на законот. Ќе има моќ да ги казни компаниите до 10 милиони фунти или 4% од нивниот глобален промет, како и до 20.000 фунти дневно за континуирани прекршоци.

Правилата важат не само за производителите на дигитални производи, туку и за компаниите кои продаваат евтини увезени технологии во Британија. Ова вклучува рутери, безбедносни камери, конзоли за игри, домашни звучници и бела техника и играчки со интернет. Исклучува возила, паметни броила и медицински уреди. Десктоп компјутерите и лаптопите исто така не се опфатени со новата регулатива.

Експертите од индустријата ја поздравуваат нормата. Тие посочуваат дека на законот ќе му треба и континуирано подобрување за да може да одговори на сè покомплексните безбедносни прашања на паметните уреди.