Се заканува економски шок како оној од 2008 година

152

Шефицата на Европската централна банка (ЕЦБ) Кристин Лагард, предупреди дека Европа е во опасност од економски шок како оној во 2008 година, доколку државите не реагираат итно на епидемијата на коронавирус, најавувајќи мерко на ЕЦБ, пренесува Bloomberg.

Лагард на европските политичари им порача дека без координирана акција Европа ќе види сценарио кое многумина ќе ги потсети на големата финансиска криза, но со правилен одговор шокот би требало да биде привремен.

ЕЦБ работи на инструменти, вклучително и “супер-евтино“ финансирање за ликвидност, за да се избегне сценариото кредитите да “пресушат“. Мерките се придружени со предупредување дека монетарните мерки можат да функционираат само доколку членките ја вршат својата улога со тоа што ќе обезбедат непречено заеми на погодените области.

Фото: Pixabay