Се замрзнуваат цените на основните продукти

89

Владата го прифати предлогот на Министерството за Економија за забрана за зголемување на цените на продукти од страна на трговците, соопшти на својот Фејсбук профил министерот Крешник Бектеши.

Од утре високи казни за сите тие што ќе се обидат да им наштетат на граѓаните вклучувајќи и кривични пријави, сподели Бектеши.

Владата денеска донесе одлука за замрзнување на цените на основните продукти и тоа на леб, сол, зејтин, млеко и млечни производи, јајца, брашно, месо, тестенини, лекови и дезифекциони средства со состојба на денот на прогласување на пандемијата на СЗО, освен оние за кои има доказ дека се зголемени влезните фактури.