Се затвораат скоро 100 продавници на Pull & Bear, Bershka и Stradivarius

189

Шпанската модна компанија Inditex, одлучи да затвори скоро 100 продавници на еден од водечките потрошувачки пазари во светот и повеќе да се фокусира на трговијата преку Интернет.

Сопственикот на брендот Zara ќе преземе такви чекори на брендовите Pull & Bear, Bershka и Stradivarius во Кина. Целта на компанијата е да се фокусира на помладите потрошувачи и нивните менувачки навики за купување.

Според информациите, вкупно 93 продавници на компанијата ќе бидат затворени. 37 од нив се од марката Pull & Bear, 34 од Bershka и 22 од Stradivarius.

Покрај фокусот на трговијата преку Интернет, Inditex планира да тестира и други опции за тргување, како што се купувања во живо и програми за шопинг на платформата WeChat.

Минатото лето, претседателот на модниот гигант, Пабло Исла презентираше план за развој на бизнисот за 2020-2022 година. Потоа посочи дека компанијата значително ќе го прошири своето дигитално присуство, планирајќи да инвестира една милијарда евра за оваа намена.

Планот предвидува уште 25% од набавките на брендовите на групацијата да бидат онлајн во 2022 година, со учество од околу 14% во 2019 година.

Фото: Facebook