Почетна Новости Европа Се збогатија преку ноќ: Како Русија за еден ден доби скоро 600...

Се збогатија преку ноќ: Како Русија за еден ден доби скоро 600 нови милионери

259

За еден ден, на први јануари 2021 година, Русија доби точно 581 нов член во “Клубот на милионерите“, бидејќи толку многу добитници беа извлечени во новогодишната наградна игра Stoloto.

Наградниот фонд изнесувал повеќе од две милијарди рубљи (22,2 милиони евра), а една милијарда од нив била наменета за големите награди.

Москва доби најмногу милионери – 113 , а Санкт Петербург – 45, пренесува РИА Новости.

Минатата година, за прв пат, еден играч ја добил главната награда од една милијарда рубљи (11,1 милиони евра).

Фото: Freepik