Се зголемува испораката на нафта во светот

68

Министрите на најголемите земји извознички на нафта и нивните сојузници (ОПЕК+) се согласија да ја зголемат испораката на нафта од август со цел да ги намалат цените што достигнаа највисоко ниво во последните две и пол години.

ОПЕК+ постигна договор од мај следната година да почнат нови преговори за надминување на разликите меѓу Саудиска Арабија и Обединетите Арапски Емирати, пренесува Ројтерс.

ОПЕК+ минатата година го намали производството за рекордни 10 милиони барели дневно поради пад на побарувачката на нафта и пад на цените поради пандемијата. Потоа постепено ја зголемувале количината, па намалувањето изнесувало околу 5,8 милиони барели дневно.

Од август до декември оваа година, понудата ќе биде зголемена за дополнителни два милиони барели дневно.

Групата се сложи да го продолжи договорот до крајот на 2022-ра година наместо како што претходно било планирано до април следната година, за да се остави повеќе простор во случај глобалното закрепнување да запре поради новите соеви на коронавирусот.

Фото: Pixabay