Се зголемуваат должниците и долговите кон УЈП

127

Управата за јавни приходи (УЈП) ја објави Листа на должници бр.09/2020 за долгови доспеани до 31.05.2020 и неплатени до 31.08.2020 година по основ на ДДВ, данок на добивка, персонален данок на доход, придонеси од задолжително социјално осигурување, акцизи и царини

Физичките лица и самостојни вршители на дејност, што се најдоа на оваа листа, имаат долгови повисоки од 120.000 денари, додека кај правните лица тој е повисок од 300.000 денари.

На Листата на должници бр.09/2020 објавени се 1.989 должници – правни лица (повеќе за 224 од последно објавената листа) и 2.481 физички лица (повеќе за 160 од последно објавената листа на должници во март оваа година).

Вкупно објавениот нето долг во Листата бр.09/2020 изнесува 9.386.752.292 денари, повеќе за 410.127.980 денари од последно објавената листа. Нето долгот за даноци и придонеси изнесува 9.333.529.912 денари (повеќе за 542.157.766 денари од последно објавената листа), додека долгот за царински давачки е 53.222.380 денари (помалку за 132.029.786 денари од последно објавената листа).

Фото: Pexels