Bubble- такси на вода што не испушта издувни гасови

31

Фото: SeaBubbles

Bubble е автомобил што се движи по вода и е одлично решение за одбегнување на градскиот метеж. Водното такси, направено од француската компанија SeaBubbles, не предизвикува бучава, не испушта штетни гасови и се движи низ водата без да создава бранови, пишува Inhabitat.

Според компанијата, транспортот по вода може да го намали времето на патувањата за половина во некои градови. На пример, одење од пристаништето во Дубаи до центарот на градот ќе потрае 43 минути со автомобил, но со SeaBubbles истиот пат ќе се помине за 26 минути. Транспортното средство може да собере пет луѓе, вклучувајќи го и возачот.

Компанијата го заврши тестирањето на езерото во Женева претходниот месец, а моментално возилото се тестира во Париз. Производот треба да биде подготвен за пред-нарачки почнувајќи од следниот месец.

Од SeaBubbles се надеваат дека ќе го престават Bubble во 50 градови во следните пет години.