Сеавус Инкубатор ја носи израелската старт – ап сцена во Скопје

117

1c258526-1920-4b66-a00d-e2a437114bca

Сеавус Инкубатор го организира настанот Како Изреал стана нација на стартапи. Настанот ќе се одржи во среда, 26 април, со почеток од 18 часот, во просторите на Сеавус, стои во соопштението.

Целта на настанот е да ја запознае македонската иноваторска и старт – ап публика со израелското економско чудо. За релативно мала земја, со малку природни ресурси, Израел успеа да создаде најмногу компании регистрирани на NASDAQ берзата и да изгради вибрантен старт – ап и иновациски еко систем, на којшто може да позавидат и поголеми земји.

На овие прашања ќе се дискутира на отворена дебата со двајца двигатели на промените во израелската стартап и иноваторска сфера, Михаил Мизрахи, директор на еден од најголемите акцелератори во Израел, AtoBe, и Ханан Бранд, ко – основач и партнер во Корнерстоун Вентурс, израелско – американски фонд на ризичен капитал.

Настанот е организиран во соработка со Швајцарската програма за претприемништво, која е поддржана од Владата на Швајцарија и имплементирана од Swisscontact.

Влезот е бесплатен, но потребна е претходна регистрација на Еventbrite.