SEDC прослави пет години успешно работење

20

sedc torta

Seavus Едукативниот и развоен Центар (SEDC) вчера одбележа пет години од своето успешно работење. Покрај одбележување на петтиот роденден, на настанот се доделија дипломите за завршени студии на студентите од генерацијата 2014/2015, се прогласија најдобрите студенти од секоја академија, а воедно се прослави и почетокот на новата академска година.

Во текот на овие пет години, Seavus Едукативниот и развоен центар внесе освежување на пазарот на специјализирани ИТ и бизнис обуки, при тоа приближувајќи го своето работење до светските стандарди и трендови. Денес, Академиите на SEDC се синоним за врвен и препознатлив производ, поради примената на модерна методологија која вклучува напредни форми на учење, интерактивна настава и практична работа на реални проекти реализирани во партнерство со водечки домашни компании.