Седум факти за грчката економија

62

Грција повторно е во центарот на европската, но и светската јавност по последните случувања. Претседателот на Европската комисија, Жан Клод Јункер направи last minute понуда за Атина со цел да се постигне договор за финансиска помош пред крајниот рок што истекнува денеска. Додека европската јавност е во исчекување, Business Insider направи пресек на неколку факти поврзани со грчката економија.

grcija-evro-pixabay

Фото: Pixabay

Грција има долга историја на финансиски проблеми. Првото неисполнување на финансиските обврски се случи во четвртиот век пред нашата ера.

Во поново време, Грција дури пет пати се соочуваше со неможност да си ги исплати достасаните обврски.

Најзадолжената земја во Европската унија, комбинирано поминала 90 години во криза. Податоците говорат дека од прогласувањето на независност, Грција скоро половина од тој период се соочува со кризи.

Земјата важи за една од најкорумпираните земји. Оваа илегална дејност ја чини земјата од 8% до 10% од вредноста на бруто домашниот производ.

И Грција е земја што се соочува со висока невработеност кај младата популација. Податоците велат дека 49,7% од младите во Грција се невработени.

Кризата со која што денес се соочува Грција е многу поопасна за разлика од она што им се случи на САД за време на Големата депресија од 20-тите години на минатиот век.

Грција е третиот најголем производител на маслинки во светот, веднаш зад Италија и Шпанија. Годишното производство е околу 300.000 тони. Business Insider одвои и еден интересен факт, којшто вели дека дрвја со маслинки посадени во текот на 13-от век сè уште даваат род.