Седум ситуации што нововработените треба да ги избегнуваат

22

jade

Фото: Pixabay

Кога сте нови на работа, за вас важи друг сет на правила. Колегите не ве познаваат и затоа дури и мало некоректно однесување е значајно. Потезите кои по шест месеци никој нема да ги забележува, во новата средина можат да доведат до преиспитување на вашата бизнис етика, одлуки и сигурност.

Прочитајте кои работи не треба да ги правите кога сте нововработен, а се сосема прифатливи по шест месеци на работното место:

Барате слободни денови во првите неколку месеци

Ако барате слободни денови или одмор, а штотуку сте почнале да работите, претпоставените најверојатно ќе помислат дека се уште не ве обучиле до крај, а вие веќе барате слободни денови.

Се жалите на новиот шеф

Ова е лоша идеја без разлика колку долго работите на некое работно место. Меѓутоа, кога сте нови, тоа е посебно лоша одлука. Дури и колегите коишто исто така не го сакаат шефот, лошо ќе реагираат на приговорите во толку рана фаза од работењето.

Зборувате лошо за стариот шеф

Кога сте нови на работа, ќе бидете означени како некој што зборува против луѓето со коишто работи, а најверојатно ќе се плашат да не зборувате така и за нив.

Одите на долги паузи за ручек пред да дознаете колку траат

Ова најчесто им се случува на луѓето што работат во компании во кои еден час пауза за ручек е нормална. Кога ќе започнете да работите на ново место, би било паметно да видите колку време вашите колеги земаат за ручек или едноставно да прашате.

Претерувате со деловни трошоци

Нема подобар начин уште во стартот да си ја уништите репутацијата со престој во најскапите хотели за време на деловните патувања или да барате подобро службено возило. Единствено ако се покажете како добар вработен, на ваквите работи нема никој да обрне внимание. Но, ако како нововработен водите ваква политика, тоа нема да наиде на одобрување од колегите.

Кажувате непристојни шеги

Ако почнете да кажувате непристојни шеги на колегите коишто се уште не ги познавате, постои голема шанса некој да се навреди или погрешно да ве сфати. Пред да почнете да кажувате шеги од било кој вид, запознајте се со корпоративната култура и правилата на однесување во компанијата.

Поминувате време на Facebook или на некоја друга социјална мрежа

Единствено кога ќе се докажете на работното место, никој нема да ви зема за зло ако поминувате време на социјалните мрежи. Меѓутоа, кога сте нови на работа, фактот дека поминувате време на социјалните мрежи ќе ја доведе во прашање вашата работна етика.