Седум трикови за елиминирање на стресот

38

lavanda

Фото: Pexels

Едноставни мали трикови за ослободување од секојдневниот стрес.

Мирис од лаванда

Делува смирувачки и мириса прекрасно. Запалете свеќа со мирис на лаванда и оставете аромата да ве совлада.

Давајте повеќе

Донирајте онаму каде што е потребно, подарете некому нешто, направете добрина. И најмалиот знак на ваше внимание за некој друг ќе биде големо и незаборавно дело, а вас ќе ве направи среќни.

Вашата омилена песна

Засилете го звукот и слободно препуштете и се на музиката. Истражувањата спроведени на Универзитетот во Мериленд, САД покажуваат дека слушањето музика ги опушта крвните садови и го забрзува прокот на крвта во нив.

Наместо слатки, земете манго

Било да е тоа свежо или конзервирано, мангото е овошје чија арома делува релаксирачки и смирувачки, велат јапонските научници. Затоа наместо слатки кои се полни со шеќери, јадете манго кога сте под стрес.

Ослободете се

Според биохемиски истражувања, дури 85% од жените откако ќе се исплачат се чувствуваат посмирени. Затоа слободно исфрлете го надвор сиот собран стрес преку солзите.

Вежбајте

Доволни се само неколку минути интензивна физичка активност. Таа ќе го активира хормонот на среќата сератонин и ќе ве ослободи од напнатоста.

Притиснете ја хоку точката

Во традиционалната кинеска медицина, доколку притиснете на хоку точката, односно мекото место помеѓу палецот и показалецот на дланката, тензијата во вашето тело ќе се намали за 39%. Доволни се само 30 секунди притискање со палецот и показалецот од другата рака за да почувствувате инстантно смирување.