Седум земји кои привлекуваат најмногу странски туристи

108

Франција е земјата која беше посетена од најмногу туристи во светот пред пандемијата.

Истражувањата покажуваат дека само во 2019 година ја посетиле 90 милиони странски туристи. Следуваат Шпанија, САД, Кина, Италија, Турција и Мексико.

Дури осум проценти од својот БДП Франција го должи на туризмот, а пандемијата, која негативно се одрази на туристичката индустрија ширум светот, значително ги намали нејзините приходи. Имено, во првата половина на 2020 година бројот на странски туристи во Франција е преполовен.

Слично се случи и со Шпанија, која е на второто место на оваа листа, бидејќи во предпандемската година привлече 83,5 милиони туристи. Соединетите Американски Држави се рангирани на третото место со 79,3 милиони посетители.

Туристичкиот сектор е една од најголемите жртви на пандемијата на коронавирус. Порасна речиси без прекин од 1980-тите, до 2019 година. Тогаш, пред четири децении, бројот на меѓународни посети изнесуваше 277 милиони на глобално ниво, за да достигне 1,5 милијарди во годината пред пандемијата, по што забележа драстичен пад.

За среќа, ограничувањата поради Ковид полека се укинуваат низ целата планета, што би требало да поттикне раст на туристичките посети, доколку конфликтот во Украина не се продлабочи.