Седум знаци на телото што укажуваат на стрес

141

stres

Фото: Pixabay

Еве како телото може да ве предупреди дека е време малку да забавите, да промените нешто и да пробате да се релаксирате.

Испукани агли на усните

Испуканите агли на усните се резултат на недостаток од витамин Б, посебно Б6. Овој витамин е важен за здравјето на нервниот систем, како и за добивање на енергија од јаглените хидрати, мастите и протеините од храната.

Јајцата, морковот, рибата, месото, грашокот, бананата, гравот, брокулата и компирот се одличен извор на витамин Б.

Крцкање на вилицата

Причина за ова е недостаток на витамин Б5, или антистресниот витамин. Хроничниот стрес често се одразува со крцкање, односно чкрипење со забите.

Храна што го содржи овој витамин е свежиот зеленчук, морската риба, црниот дроб, печурките, говедското месо.

Бели точки на ноктите

Белите точки на ноктите се индикатор за ниската количина на цинк во организмот.

Цинкот е многу важен за имунитет и производство на хормони како инсулинот и половите хормони. Го има во рибата, месото, сончогледовото семе, јаткастите плодови, школки, ракови и друго.

Промени во столицата

Недостатокот на магнезиум е причина за проблеми со празнењето. Кога сме под стрес и кога јадеме шеќер, магнезиумот се троши многу повеќе.

Овој минерал го содржи хељдата, оревите, сојата, морковот, грашокот, леќата, авокадото…

Крварење на непцата

Осетливите непца укажуваат дека на организмот му фали витамин Ц, којшто е антиоксиданс и потребен за најмалку 300 метаболички функции во телото.

Затоа треба да јадете бобинки, зелен зеленчук, агруми, авокадо, диња, лук, јагоди, ананас…

Тврди акни на рацете и нозете

Причината за оваа појава е дефицит на витамин А и Е. Витаминот Е ги штити масните телесни површини и помага за плодноста, за подобра циркулација, го регулира притисокот.

За внес во организмот потребно е да конзумирате ладно цедени растителни масла, темнозелен лиснат зеленчук, семки, житарки од цело зрно, кафеав ориз…

Чести воспаленија на белите дробови и грлото

За да се заштитите од воспаленијата, а со тоа да се намали и стресот, треба да конзумирате храна богата со витамин А.

Затоа во вашето мени вклучете повеќе црн дроб, рибино масло, како и црвено, портокалово и жолто овошје и зеленчук.