Седумнаесет нови практиканти во ОКТА, најдобрите досега задржани во компанијата

27

okta

Седумнаесет нови студенти се дел од новиот циклус на програмата за практикантство во ОКТА. Кандидатите кои се завршна година од студиите или магистранти се избрани од десет факултети кои се блиски и сродни со оперативните сектори и дејности на компанијата, Економскиот, Правниот, Електротехничкиот, Машинскиот, Технолошкиот, Природно-математичкиот (отсек хемија), Градежен, Факултет за безбедност, Филолошки факултет, како и од приватниот факултет Американ Колеџ.

„Компанијата ОКТА е дел од меѓународна групација каде младите кадри може да се стекнат со значајно искуство и знаење. Оваа пракса им овозможува полесно да се справат со новите предизвици што им следат во понатамошниот кариерен развој. Паралелно со тоа, новите и свежи идеи, иновативност и креативноста се основната причина зошто продолжуваме со програмата за практикантство во ОКТА и оваа година. Од претходните два циклуси на оваа успешна програма го продолжуваме ангажманот на четворица практиканти кои се истакнаа со своите вештини, знаење и подготвеност за работа“, изјави Јанис Геруланос, главен извршен директор на ОКТА.

okta 1

Програмата за практикантство е дел од соработката на ОКТА со високообразовните институции во земјава која што се одвива во континуитет. Ангажманот на студентите е во траење од три месеци, период во кој ќе бидат целосно вклучени во работниот процес на ОКТА, со полно работно време. Компанијата обезбедува превоз и храна за практикантот за време на праксата, како и дополнителни финансиски средства. Нивниот ангажман во компанијата е под стручен менторски пристап од страна на менаџерите на одделите.

Со оваа програма компанијата ја спроведува политиката за подмладување на својот кадарот, а истовремено давање можност на младите, образовани студенти да се стекнат со значајно работно искуство во една мултинационална компанија и со тоа дополнително да се оспособат за самостојно градење на професионална кариера и успешно позиционирање на пазарот на трудот