SEEUTech Park распиша оглас за поддршка на идеите на младите претприемачи

46

seeutech SEEUTech Park викендов објави повик за аплицирање со бизнис идеја во SEEUTech Park Инкубаторот, кој помага во сите фази на започнување и развој на бизнис на млади претприемачи.
SEEUTech Park е Технолошки парк кој е прв од ваков вид во Македонија и пошироко. Отворен е на 15 Мај 2013 во рамките на Универзитетот на Југоисточна Европа, во Тетово.
Тој е основан со цел да стимулира создавање на нови start-up компании, создавање на синергија меѓу компаниите и поттикнување на раст на постоечките мали и средни претпријатија што на долг рок обезбедува нови можности за работа.
„Доколку сте студент, млад претприемач или имате сопствен тим кој има уникатна, иновативна и остварлива бизнис-идеја во Информатичко-комуникациските технологија, вие сте тие кои од сега имаат можност со помош на Инкубаторот да ја преточат својата идеја во реален итернационален бизнис“, се вели во повикот.
Сите заинтересирани можат да аплицираат онлајн, на http://techpark.seeu.edu.mk/en/incubator/apply.

„Инкубаторот може исклучително да ви помогне во домените на: модерни и современо опремени канцеларии и помошни деловни простории, пристап до ангели инвеститори, помош при планирањето на бизнисот, маркетинг и промовирање, вмрежување, консултации и советувања, обуки, пронаоѓање на странски деловни партнери, како и многу други услуги креирани специјално за вашиот тип на бизнис“, се вели во соопштението.