SeeYouLink – софтвер што на повозрасните им го олеснување користењето на технологијата

20

Фото: SeeYouLink

SeeYouLink претставува софтвер што на повозрасните, но и на луѓе со когнитивни и други видови на потешкотии, им овозможува олеснето користење на интернет сервисите, пишува Startit.rs.

Зад овој старт – ап стојат Зоран Крнетиќ и Зоран Чурчин од Србија. Преку нивниот концепт, 66% од корисниците претходно не користеле компјутер. Со помош на SeeYouLink на корисниците им се достапни повеќе услуги, како што се: електронска пошта, временска прогноза, интернет пребарување, фото албуми, повици, видео игри и слично.

“Нашиот најважен производ е SeeYouLink Shell. Кога ќе се инсталира на Windows PС, SeeYouLink Shell станува единствениот интерфејс со којшто корисникот доаѓа во допир. Тој ефективно ја сокрива комплексноста на системот, обезбедувајќи едноставно, достапно и безбедно окружување, коешто дури и за постарите лица без никакво предзнаење и ослабен вид, когнитивни ограничувања и блага деменција, можат успешно и самостојно да го користат“, вели Крнетиќ.

Корисниците на SeeYouLink и таргет групата кон којашто се обраќаат не е иста. Корисници се постари лица, но и лица со одреден инвалидитет. Комуникацијата е насочена кон две други групи, едната е семејството на корисникот, а другата се организации што се грижат за стари лица, како што се геронтолошки центри.