Компанијата Buben & Zorweg креира специјални нарачки според желбите на ултра богатите од целиот свет.
Брендот изработува разни луксузни сефови и часовници и дизајнира ентериери. Моментално се фокусирани на исполнување на желбите на милијардерите, односно прилагодување на нивните домови.
Еден од нивните најверни клиенти неодамна ги ангажираше да инсталираат три сефови, високи два метри и тешки 580 килограми под подот на нивната луксузна вила што ќе можат да се видат само ако сопственикот го отвори подот со далечински управувач.