Сега и од Скопје, директен лет Скопје-Берлин

10

Авиопедиа ја отвори зимската сезона, промовирајќи го новиот директен лет Скопје-Берлин со прекрасна коктел забава, на која присутствуваа бројни соработници и колеги.

6e6281c7-5508-493c-8a52-31cff2e10a56

Покрај веќе постоечките дестинации, како што се Цирих, Диселдорф и други, кои ги нуди Авиопедиа, сега веќе и од скопскиот аеродром сите заинтересирани ќе можат да го посетат главниот град на Германија, светскиот центар на културата, историјата и науката, град познат по архитектурата и богатиот културен живот, како и  добро познатиот ноќен живот, по најповолни цени.

Летовите Скопје – Берлин се редовни и директни, почнувајки од 20 декември 2013 година линијата ќе оперира секој понеделник и петок. Цените на авиобилетите се поволни, во цената е вклучен багаж од 20 кг + 5 кг во кабина и сите такси и даноци, без дополнителни надоместоци и скриени трошоци.