Секој 10-ти старт – ап во Србија стравува од затворање поради пандемијата

111

Пандемијата остава големи последици врз економијата, а стратапите се прилично ранлива категорија кога се работи за опстанок и борба во вакви услови.

Негативно влијание врз својата работа, поради пандемијата, имаат 46% од стартапите во Србија, додека 38% од нив сè уште не знаат какво ќе биде влијанието врз нив. Само 8% од страртапите во оваа земја веруваат дека пандемијата нема да има влијание врз нивните приходи или дека ќе остварат раст, пренесува Startit.rs.

Анализата предвид го зема влијанието на пандемијата врз ИТ компаниите, стартапите, фриленсерите и пазарот на труд.

Две третини од стартапите што ги чувствуваат негативните последици од Ковид-19 бележат намалување на продажбата за повеќе од 60%, а дури 50% сметаат дека ситуацијата во наредните неколку недели ќе се одвива во неповолна насока. Податоците покажуваат дека секој 10-ти старт – ап смета дека треба да го затвори својот бизнис, за отпуштање на вработените размислуваат околу 14%, додека 25% планираат да ги намалат платите на вработените.

Фото: Pixabay