Секој Американец ќе добие по 2.000 долари

84

Претставничкиот дом на американскиот Конгрес доцна синоќа изгласа нов и поголем износ на парична помош на граѓаните во висина од 2.000 долари по лице.

Помошта е изгласана откако демократите го прифатија апелот на претседателот Доналд Трамп на Американците да им се даде поголема финансиска поддршка во текот на корона – кризата.

Гласањето за зголемување на помошта за населението од првичните 600 на 2.000 долари уследи еден ден откако Трамп го потпиша законот за буџет и пакетот економски олеснувања во вредност од 2.000 милијарди долари, откажувајќи од претходните закани дека нема да ги потпише актите, пренесува CNBC.

Претставничкиот дом, во којшто демократите се мнозинство, го стави на гласање предлогот за зголемување на помош на граѓаните по брза постапка. За предлогот гласале 275 пратеници, а против биле 134.

Фото: Freepik