Секој Германец посиромашен за 2.600 до 3.500 евра

50

Претседателот на Институтот за светска економија од Кил, Габријел Фелбермајер очекува поради коронавирусот секој поединец во Германија да биде посиромашен за 2.600 евра.

“Ако прогнозата на владата се оствари, тогаш кризата секој Германец, вклучувајќи ги тука и децата и старите лица, ќе го чини по 2.600 евра по лице“, вели Фелбермајер за Bild.

Тој укажува и на тоа дека овој износ би можел да порасне и до 3.500 евра, доколку ситуацијата тргне во лоша насока.

За разлика од германската влада, којашто проценува дека економијата ќе биде изложена на пад од 6,3%, Фелбермајер прогнозира минус од повеќе од 10%, доколку дојде до воведување нови рестрикции поради вирусот.

“Мораме сериозно да ја сфатиме економската димензија на кризата“, предупредува тој.

Фото: Pixabay