Секој има право да биде среќен – видео по повод Светскиот ден на луѓе со Даунов синдром

22

reklama

Идна мајка пратила имејл до CoorDown, италијанска национална организација за луѓе со Даунов синдром, затоа што дознала дека нејзиното неродено дете го има ова пореметување и се плаши каков ќе му биде животот. Наместо одговор по мејл, мајката доби емотивно видео кое дава одговор на нејзиното прашање.

Агенцијата Saatchi & Saatchi Италија ова видео го подготви по повод 21 март, Светскиот ден на луѓе со Даунов синдром. Целта на видеото е да се промовира културата на различност и интеграција во општеството, особено во училиштата и на работа.