На крајот на април во евиденцијата на Заводот за вработување на Хрватска биле регистрирани 354.449 невработени лица, што во однос на март е намалување од 5,9% или за 22.417 лица, а на годишно ниво од 0,3%, објави Хрватскиот завод за статистика (ХЗЗ), пишува Пословни дневник.
Во април, на сезонски работни места се вработени 8.958 лица, што значи дека скоро секој трет е сезонски работник. Тоа се 6.588 лица или дури 278% повеќе од бројот во март, а 23,1% повеќе во однос на истиот период лани.
Два месеца по ред продолжува да се намалува бројот на невработени на месечно ниво, а благ пад се бележи и на годишно ниво, на што најмногу влијаеше вработувањето во туризмот.
Тој тренд продолжува и во мај, па моменталниот број на невработени се намали под 350.000.
Во текот на април од евиденцијата на невработени излегле 39.428 лица, што е за 17,5% повеќе одошто во истиот период лани. Од овој број, вработени се 27.684 лица, од кои 27.179 на основа на засновање на работен однос, а 505 преку други деловни активности.